Легендарниот Жељко Бебек на крајот на овој месец ќе оджи два концерти во Скопје во Македонска филхармонија.
Концертот е во организација на Авалон Продукција, од каде порачаа обожавателите на музиката на Бебек да побрзаат со купувањето на картите.
„Да бидеме искрени, во најголемата група на Балканот на сите времиња „Бијело Дугме“, поминаа уште двајца пејачи, ама покрај Горан Бреговиќ, посебен белег на бендот со дури шест албуми даде токму Жељко Бебек, неприкосновен вокал, којшто ги отпеа најголемите песни на бендот, а и после “Бијело Дугме” успеа да направи многу респектабилна соло кариера.
Во Македонската филхармонија, сѐ ова ќе биде споено во едно.
Иако делува неверојатно за толку голем пејач, ова е прв пат во неговата кариера Жељко Бебек заедно со неговиот бенд да настапи соло во Скопје.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба утре наутро во 9 часот, во Avalon music & ticket store, продажните места во мрежата на Авалон низ земјава и онлајн на avalon.mk по следниве цени и категории:
CLASSIC SEATS – 1.500 денари
VIP – 1.990 денари
Се очекува брз sold out!
Бидете дел од овој уникатен концерт“, велат од Авалон.