Одненадеж, како да излезе од пештерата во Холандија, легендарниот југословенски музичар Бранимир Џони Штулиќ на својот Јутјуб канал објави 42 нови песни. Некои се стар преработен материјал, многу од нив се народни песни преработени во суров рокерски звук. Меѓу нив има дури седум македонски народни песни, како „Абер дојде Донке“, „Лино мори севдалино“, „Мори моме малкој моме“…
Насловот на албумот е „Каверн“, по во превод значи пештера. Тоа би требало да значи дека Џони Штулиќ им се враќа на корените, но првото слушање на албумот сугерира дека звукот е посуров откако со првиот албум на неговата група „Азра“ ја погоди како гром југословенската рок-сцена, доби статус на култ, кој остана до ден денес на овие простори.
Во август 1990 Штулиќ одржа голем концерт на Хвар и веднаш потоа ја напушти Југославија и од тогаш живее во Холандија.