„Имате скандали секојдневни на најразлични основи, така да треба да си признаеме дека имаме Влада и постава која што не што не успева да се спаси со криминал, туку за жал предизвикува и негово метастазирање“, истакна Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во утринската емисија на радио „Лидер“.
„Токсичната атмосфера која што се создава си има свои последици, едната од последиците е за жал и ова што го видовме. Меѓутоа имаме многу сериозни проблеми. Еден од сериозните проблеми е амбиентот на неказнивост во државата. Друг сериозен проблем за кој многу зборувавме по емисии, и во Собрание е ако сте поддржувач на оваа Влада, ако сте поддржувач на Социјалдемократскиот сојуз и на ДУИ на било каков начин тогаш за вас помалку или повеќе ви се отворени сите врати или ви е дозволено да ви се гледа низ прсти. Тие проблеми можеме да ги видиме секаде дали од неплаќање на данок, дали од користење на државни тендери итн.“, рече пратеникот.
Лефков додаде дека за жал во Македонија не останаа едноставни теми за кои што може да се говори.
„Погледнете ги последните случувања дали станува збор за Онкологија, дали станува збор за Беса Транс, за Ласкарци, за пожарот во модуларната болница, дали станува збор за секојдневни криминали кои што ни се случуваат, или пак ова последното траорно, монструозното случување. Од сложена влегуваме во уште посложена ситуација. Едноставно се создава ситуација во која што во Македонија, Македонците се препуштени на својата судбина. И тоа е основниот проблем – заклучи Лефков.
Тој посочи дека оваа власт ја загадува државата и граѓаните. Веќе на секого му е јасно кој е главниот проблем во Македонија, а тоа е оваа власт и нивниот криминал.