Очигледно има струја во ДУИ која најавува и посакува крај на политичката кариера на Али Ахмети, ние нема да се противиме околу тоа, напротив единствената партија покрај СДС која нема длабоки реформи е токму ДУИ, вели пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
Лефков додаде дека на сите им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на претстојните избори, при што изрази надеж дека поразените ДУИ после изборите нема да се откажат од ова барање и ќе си заминат во политичка пензија.
-Што се однесува до самата понуда, за ВМРО-ДПМНЕ е јасно дека е наредниот победник благодарение на поддршката на граѓаните и желбата за промени. Се надеваме дека нема да се откажат од ова барање ДУИ, поразените, да се пензионираат од политика и за ова прашање ќе ги охрабруваме не само преку изјави, туку и преку дебата да го отворат во рамките на нивните органи и тела при што ќе дојдат до единствен став. Засега нејасно е дали изјавата на Крешник беше негов личен став и иницијатива или партиски став на ДУИ – рече Лефков.