470
Изјавата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за германскиот весник Франфуртер Алгемајне Цајтунг, дека Груевски се наоѓа во тајна комуникација со Владата, и дека имаат „валкани дилови“ произлегува од секојдневните случувања, вели Миле Лефков пратеник од ВМРО ДПМНЕ за телевизија Телма.
Лефков смета дека интервјуто на Мицкоски доволно објаснува, најмногу поради измените на Кривичниот законик кои се изгласаа во Собранието.
-Имаме и други сознанија за средба кај Стево Пендаровски на државниот врв, кај што се сретнале Груби, Османи, Ковачевски…и други претставници на власта каде се договарале измените на КЗ. Останува симптоматично како сето тоа беше претставно во Собранието дека е усогласување со европските закони, вели Лефков.