„СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери“, рече денеска на прес-конференција, Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Фирми блиски до СДС свртеа милиони евра народни пари од ЕСМ преку РЕК до здравство каде жареше и палеше Венко Филипче.
Дражавниот ревизор при ревизија на буџетот за 2021 година, која е направена во 2023 година кај дел од постапките за јавни набавки утврдил недоследности во начинот на планирање, спроведување и реализација, поради што за дел од истите започнати се постапки пред надлежни органи.
Судството и обвинителството со 2% доверба очигледно е споро и не гледа тоа што целата јавност го гледа.
Треба да истражи и утврди како Венко Филипче има 5 стана во Скопје кои претходно не ги пријавувал во анкетен лист, луксузен џип, хациенда на семејството на Водно. Тоа е се имот кој треба да биде проверен како е стекнат.
Стотици милиони се одлеани на сомнителни тендери, а сомнителност и недоследности утврдува и ДЗР“, кажа Лефков во партиското седиште.