„Инсистирањето на ВМРО-ДПМНЕ за заштита на јазикот, идентитетот и историјата, резултира со конвенции од Германија и други земји на ЕУ. Проблемот кој останува е Бугарија. Потребно е покрај земјите членки на ЕУ, и Бугарија да имплементира барем 3 пресуди од ЕСЧП за правата на Македонците во Бугарија. Разликата е јасна. СДС прифати уставни измени по бугарски диктат, ВМРО-ДПМНЕ побара гаранции за Македонија“ рече денеска на прес-конференција Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој рече „Ковачевски наместо да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за национално единство, и да се тргне во остварување на националните интереси, тој игра за Бугарија, колку е полоша ситуација за Македонија, толку подобра за него, тоа е мотото по кое се води премиерот кираџија“
„Зошто Ковачевски не сака гаранции за националниот идентитет? Какви се неговите концесии и кон кого? Иако Ковачевски молчи, молкот кај СДС сепак е нејасен. Една недела растураа пердуви, а сега не смеат да кажат, кој предлог го прифаќаат, па наместо нив зборува ДУИ. ДУИ прави пазар од делење на функции, лицитираат и со неговото место, а и едните и другите забораваат дека тие не одлучуваат ништо, туку народот на избори е оној кој дава и зема“ смета Лефков.
Тој вели дека „СДС и ДУИ се борат само за власт, ниту за ЕУ, ниту за заштита на националните интереси, но ВМРО-ДПМНЕ за разлика од нив подава рака, за национално единство“.