544
Оваа влада е завршена работа, најдобро решение за Македонија во овој момент ќе бидат брзи предвремени парламентарни избори, затоа што досега имавме едно нефункционално собрание, смета пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.
-Денеска ги видовме реакциите на Хоџа, ја видовме и оставката на Мила Царовска, видовме дека онаа црна кампања и она вложување на Зоран Заев на начинот на којшто настапи особено во првиот и вториот круг и начинот на којшто ја водеше државата изминатиот период придонесе овие локални избори да бидат едно референдумско изјаснување – рече Лефков на Канал 5.
Инаку, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски предмалку објави дека заедно со Левица, ААА и БЕСА постигнале договор за формирање на ново парламентарно мнозинство.