Лефков поднесе кривична против Фрчковски: Немам слабост ниту кон алкохол, ниту кон наркотици

by valentina 17:28
17:28

Пратеникот Миле Лефков информира дека поднел кривична пријава до надлежното обвинителство, со која бара институциите да ги испитаат јавно објавените фотографии и изјави поврзани со Јон Фрчковски.

-Поднесов Кривична пријава за расчистување на Случајот Јон. Од видеата на Јон, се гледа дека доаѓа тешко време за оние што живеат со и од пороците. Со оваа Влада нема играчки. Дилерите се ретчат, му се познава.

Користењето наркотици не е играчка ниту Фејсбук тема, сите ние кои го почитуваме законот немаме апсолутно никаков допир со наркотици, и не трчаме кон токсикологија за да се докажуваме со лик кој неспорно користел наркотици, тоа е незамисливо за секој одговорен граѓанин, ама уживателот Јон тоа не може да го сфати, наместо да одговара уште и клевети. Време е институциите да го расчистат  Случајот Јон.

Ова е институционална тема, кривичната пријава е поднесена, ОЈО ГОКК да си превземе тагирано е, вели Лефков во објавата на Фејсбук, во која тврди дека нема слабост ниту кон наркотици, ниту кон алкохол.

 

 

Слични вести