Лефков од ВМРО тврди: Утре паѓа владата!

by Фокус

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, е уверен дека на утрешната седница ќе биде изгласана недоверба на Владата.

-Утре, кога ќе се изгласа недовербата во Собрание, ќе видат дека сме заедно и против корупција, криминал, против тоа да ни минуваат наркотици низ државата и да ги возат началници. Ќе кажеме дека сме против тоа да ни горат луѓе во монтажна болница и да нема никаква одговорност за тоа. Утре е денот кога ќе падне оваа влада – рече Лефков на Телма.

Наспроти тоа, владејачките партнери уверени се дека спротивниот табор нема да обезбеди ниту кворум за усвојување на дневниот ред.

Финална координација на владејачките партии

Поврзани новости