Лефков: Кумот на Ковачевски имал длабоки врски во СДСМ

by Фокус

Кумот на Димитар Ковачевски, Горанчо Паунов, е со длабоки врски во СДС, картелот засилено работи по доаѓањето на СДС, истакна Миле Лефков на нова прес-конференција поврзана со Паунов и неговата Пиксел Гроуп, чиј основач бил и Ковачевски.

-Горанчо Паунов, коосновач на „Пиксел Груп” со Ковачевски и основач КМГ ЕОЛ Квазар, кои во аферата Броило се фатени како свртеле 26 милиони евра е функционер во СДС, уште од 2005 година, кога бил претседател на општинскиот огранок во Гази Баба. Општина Гази Баба, е и општината која го распишува тендерот за менување на светилките со лед светилки, каде Паунов е надзор и се сомничи дека потпишал одобрение за пуштање во употреба на места каде воопшто нема бандери. Целиот тендер е тежок 11 милиони денари – рече Лефков.

Тој додаде дека Паунов бил и советник во Советот на Град Скопје и претседател на партиски Совет за инвестиции и инфраструктура.

Поврзани новости