На денешната собраниска седница за разрешување на заменици министри, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков не пропушти прилика да упати критики кон премиерот Димитар Ковачевски.
„Потписник на овие разрешувања е неизбраниот премиер Ковачевски кој што овде незаинтересирано седи и чита книга, слуша музика налик на некои тропски бар, меѓутоа така оди со користење на државна помош, финансии, фонд за иновации. Знаете како, лесно стекнатите пари алудираат на и лесно потрошено време. Каде е дебатата? Еве го експозето. Во експозето премиерот ќе каже дебатата овој пат нека биде поразлична од претходните дебати. Дебата е кога ќе ги судриме овде аргументите, кога ќе имаме битка на аргументи, кога пред македонската јавност ќе се објаснува зошто се разрешува заменик министерот, на пример од Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство и замислете еве го експозето од премиерот. Знаете колку пати е споменат зборот земјоделие во експозето? Нула пати“, рече тој.