Јавното обвинителство да не се плаши од таткото на Дрин Ахмети кој буквално му седи на главата на јавниот обвинител за организиран криминал Исмаил Абази, затоа што институциите се ослободуваат и сега ако не постапат, ќе треба и тие да одговараат пред законот за многу скоро од сега, зошто тоа не го направиле, повика пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
-ЈО не смее да не постапува, Дрин Ахмети преку неговата фирма ЕВЕРЕСТ ЏД го оштетил Буџетот на државата не платил концесија во висина на извршените ископи од над 1.6 милиони. Непостапувањето на институциите во време на СДС и ДУИ придонело до тоа Дрин Ахмети да работи, иако требало да му биде одземена лиценцата, а со тоа и да може да зема милионски тендери, иако требало да му се одземе лиценцата, тврди Лефков.