Дали размислувате и дали чувствувате одговорност од ова што се случувало во Владата, која Вие ја водите, што практично ви се случувало пред нос, а Вие или не сте знаеле, или сте биле соработник. Вашиот генерален секретар е фатен во тежок криминал, обвини Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.
-Вашиот генерален секретар е фатен во тежок криминал. Двајца генерални секретари фатени во тежок криминал во рок од пет години. Сега гледаме дека генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири е под истрага заедно со двајца хрватски државјани за изигрување на тендерска документација. Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција ги сомничи дека незаконски присвоиле државни пари. Дали размислувате и дали чувствувате одговорност од ова што се случувало во Владата, во која Вие ја водите, што практично ви се случувало пред нос, а Вие или не сте знаеле, или сте биле соработник, го праша Лефков премиерот Ковачевски.
Ковачевски пак одговори дека не толерира никого без разлика на политичката припадност.
-Не толерирам никого, без разлика на неговата политичка припадност, и се придржувам на тоа. Во истиот момент кога беше објавено дека постои истрага од страна на Јавното обвинителство, генералниот секретар поднесе оставка, таа во истиот момент беше прифатена и на наредна седница е именуван нов генерален секреатар на Владата, возврати премиерот Ковачевски.
Тој потсети дека согласно извадокот генералниот секретар на Владата бил задолжен да обезбеди консултантски услуги за изработка на физбилити студија за реорганизација на „Пошта“ и за тоа да ја информира Владата.
-Откако дојдов на функција претседател на Владата до Генералниот секретаријат а, во врска со овој договор се обрати Бирото за јавна безбедност, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Секторот за криминалистички истраги, Единицата за финансиски истраги со барање на комплетна документација за предметот од 1.10.2021 година. До Бирото беа доставени договорот, заклучокот од седница на Влада и копија од фактурите по која е вршена исплата, како и анализа изготвена од давател на услуги, која тој ја имал доставено до Секретаријатот, рече Ковачевски.