72
На одговорност за тоа како ја извршувал својата должност треба да биде повикан секој, без разлика за кој човек се работи или на функција бил, вели пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ прашан како го коментира потегот на МНР, кое го повика на консултации македонскиот амбасадор во Обединетите нации, Љубомир Фрчкоски.
Одговарајќи на прашањето, Лефков оцени оти Фрчкоски е „грдото лице на владеењето на СДСМ и ДУИ“.
„Од тоа што можевме во јавноста да го видиме, гледаме дека како амбасадор на Македонија уживал во удопствата кои му ги обезбедил Зоран Заев со именувањето, а во исто време нема отчет како се трошеле народните пари, односно парите биле трошени на непознат начин“, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.