Конечно денеска чекавме да дојде првото пратеничко прашање усмено, првото пратеничко прашање директно до премиерот, до претседателот на Влада, Ковачевски. Премиере, додека народот осиромашува, додека болните се молат за лек, учениците се молат за учебници, семејствата се борат како да набават храна во која што инфлацијата ви е над 30%, луѓето околу Артан Груби трупаат богатство. А, премиерот, односно Вие не може ова да не го гледате“, истакна Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Лефков додаде дека затоа тој прашува зошто Ковачевски молчи за богатството кое се трупа околу првиот вицепремиер.
„Зошто Владата предводена од Вас нема никаков став по бројните скандали кои излегоа во јавноста? И ова прашање си наметнува други потпрашања на кои што исто така можете да одговорите ако сакате. Како блиски луѓе на Груби добиваат акредитации за лабораторија? Како се дозволува да трупаат милионски бизниси и имот додека народот осиромашува? Како братот на Груби купува дуќан од половина милион евра кога негова фирма четири години работи со загуба? Кое е потеклото на парите? Како бирото за метрологија набавува мобилна лабораторија три пати поскапо кога е водено од директорка блиска на Артан Груби? Како грдни пари за хонорари се одлеваат од министерството предводено од Груби“, запраша Лефков.