„Ниту Груби, ниту Димитар Ковачевски нема да се спасат од одговорност за криминалот кој со години го прават, под превезот на ЕУ интеграцијата, која ја злоупотребуваат за богатење и крадење и ја крадат иднината на граѓаните“ пишува на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
Тој посочува „Груби многу добро знае дека со Христијан Мицкоски нема да му поминуваат криминалите, знае дека ќе одговара и знае дека нема да избега од правдата, затоа и сите напади од него и од Ковачевски се упатени кон Мицкоски, затоа што знаат дека пардон за криминалот нема да има“.
„Груби, ќе одговарате и ти и Ковачевски, тоа да го знаете“ се вели во објавата на Лефков на која е прикачена фотографија од Груби на која тој носи маица со бројот 8 (Коридор 8), но наместо „осмицата“, на маицата се прикажани лисици.