Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, го обвини претседателот на Собранието, Талат Џафери, дека ја злоупотребува функцијата околу интерпелацијата што за него ја поднесе опозицијата.
-Тој ја врати интерпелацијата поради наводно непочитување на членот 136 од Деловникот, односно дека не се содржани сите елементи. Но, членот 136 од Деловникот е поврзан и со членот 135 со кои се предвидени кои составни делови треба да ги има законот како поднесок во Собранието. А интерпелацијата не е закон и не претставува поднесок од таков вид, така што имаме уште едно неделовничко одбивање и злоупотреба на неговата положба – рече Лефков на Канал 5.
Воедно, тој посочи дека со Законот за изградба на автопатите власта, слично како и со Клиничкиот центар, си создава потенцијал за тргување со влијание и самоволие, како и за, според него, пазарење при имплементација на овие големи проекти.