Неодамна откриената комета C/2022 E3 следните седмици ќе му се приближи на Сонцето, првпат по 50.000 години и можеби ќе биде видлива со голо око од Земјата кон крајот на јануари.
Малата комета составена од карпи и мраз, со дијаметар околу еден километар, беше откриена во март минатата 2022 година со програмата Zwicky Transient Facility (ZTF) којашто ја користи телескопот „Samuel-Oschin“ во Опсерваторијата Паломар во американската сојузна држава Калифорнија.
Откриена била додека минувала низ орбитата на Јупитер, а сега се движи кон Сонцето и ќе го постигне својот перихел, својата точка најблиска до Сонцето на 12-ти јануари.
Кога кометата ќе се приближи до Сонцето, мразот во нејзиното јадро се топи и минува во долг вел од прашина којашто ја рефлектира сончевата светлина.
Појавата, сепак, ќе биде помалку спектакуларен отколку при минувањето на Хејл-Боповата комета во 1997 година, или C/2020 F3 (NEOWISE) во 2020 година кои се многу поголеми.