488
Цената на лебот е одлучено да се замрзне на 33 денари, реши Владата на денешната седница.
Премиерот Димитар Ковачевски и министерот Крешник Бектеши на денешната прес-конференција ја потврдија оваа одлука.
„Владата ја замрзнува цената на белиот и полубелиот леб, сечен и на парчиња на 33 денари. Ова се однесува на леб со тежина од 450 грама и повеќе, а за леб со под 450 грама се утврдува во висина до 33 денари по леб која ќе биде во сооднос со тежината на лебот“, соопшти премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција.