198
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го назначи поранешниот еврокомесар Мишел Барние за нов премиер, а лидерите на екстремно левичарските и екстремно десничарските партии изјавија дека нема да ја поддржат новата влада.
Лидерот на француската левичарска партија „Франција неосвоена“, Жан-Лук Меланшон, рече дека народот во неговата земја се „украдени избори“ и повика на „најголема можна мобилизација“ и протести на 7 септември против изборот на Барние за премиер, според француските медиуми.
Партијата на Меланшон е дел од левичарската коалиција Нов народен фронт, која освои најмногу гласови на изборите.