Марин Ле Пен, кандидатката на Националниот собир-крајно десничарска партија, повторно се најде во вториот круг на претседателските избори, наспроти Емануел Макрон. Таа ги повикува „сите кои не гласале за Емануел Макрон“ да и се придружат.
-На гласачите им изразувам најискрена благодарност. Гледам надеж дека силите за закрепнување на земјата се зголемуваат. Сите оние кои денеска не гласаа за Емануел Макрон се повикани да се придружат на нашиот собир, изјави Марин Ле Пен по најавата за присуство во вториот круг.
-Вашиот глас зависи од местото што сакаме да им го дадеме на парите во нашето општество (…) или од можноста за добро здравје да дојдеме до пензионирање, изјави таа. „Ќе обезбедам национална независност, ќе ја контролирам имиграцијата и ќе ја вратам безбедноста за сите“.
-Со сериозност имам намера без одлагање да ги решам повеќекратните фрактури, социјални, територијални, институционални. Франција ќе ја средам за пет години. Надвор од ова неопходно закрепнување, мојот проект носи демократска амбиција, со народниот референдум, економска и еколошка амбиција, истакна таа пропратена со викотница на нејзините активисти, кои прокламираат „Одиме да победиме“.
Таа вети дека ќе воведе ред во Франција во рок од пет години.
-Социјална амбиција со здравствен систем достапен за секого насекаде, пристојно домување (…), продолжи таа. „Конечно, суверена амбиција, со заштитна и праведна држава која ги гарантира слободите на сите. Мојата амбиција е да ги обединам Французите и да ја направам Франција земја која повторно се поврзува со величина.
-Ги повикувам Французите од било кое потекло да се придружат на овој народен собир (…) за да ја водат оваа земја во третиот милениум, заврши таа.