Лидерот на француското народно движење, Марин Ле Пен предупреди дека ако победи Русија, тоа ќе биде катастрофа, но ако победи Украина, ќе започне Трета светска војна.
Во интервју за група медиуми, вклучително и шпански „Ел Паис“, Ле Пен рече дека кога нација како Русија напаѓа друга нација и го загрозува нејзиниот суверенитет, не постои можност за дистанцирање и мора да се заземе позиција, пренесува агенцијата „Танјуг“.
Тој вели и дека треба да се воведат санкции кон Русија, но не и во енергетскиот сектор и дека треба да се преговара за мир.
„Ако Русија ја добие војната, тоа ќе биде катастрофално бидејќи сите земји со територијален конфликт ќе мислат дека можат да го решат со оружје. Ако Украина победи, тоа ќе значи дека НАТО влегол во војна, бидејќи убеден сум дека Украина без помош на НАТО не може воено да ја победи Русија. А тоа значи дека Третата светска војна започна. Ако продолжиме да испорачуваме оружје на Украина, како сега, ни претстои нова 100-годишна војна, која, со оглед на човечките загуби, е страшна“ – рече таа.