Ле Грет веќе не е претседател на Фудбалската федерација на Франција

by Fokus

Долгогодишниот претседател на Фудбалската федерација на Франција (ФФФ), 81-годишниот Ноел Ле Грет е повлечен од должноста и за негов наследник е назначен досегашниот претседател Филип Диало, одлучено е на денешниот вонреден состанок на Извршниот одбор на ФФФ.

Позицијата на Ле Грет ослабна по неодамнешните контроверзни изјави поврзани со француската фудбалска легенда Зинедин Зидан, кој фигурираше како можен наследник на Дидие Дешамп на селекторското место на актуелните светски вицешампиони.

Спроти Светското првенство во Катар се очекуваше дека Дешамп по завршување на мундијалскиот турнир ќе ја напушти клупата на Триколорите и ќе биде заменет со Зидан. Меѓутоа, откако Франција дојде до финалето Дешамп одлучи да остане на должноста и да потпише нов договор до лето 2026 година, што Извршниот одбор на ФФФ денеска и едногласно го потврди.

Ле Грет застана на чело на ФФФ во 2011 година, а имаше мандат до крајот на 2024.

Поврзани новости