Редовниот Конгрес на ЛДП, на кој треба да се избере нов партиски лидер по повлекувањето на Горан Милевски, ќе се одржи на 13 или 20 ноември, неофицијално дознава „Фокус“.
Дотогаш, либералдемократите треба да одржат две седници на Централниот одбор, а, според партиски извори, на следната седница идната недела ќе биде утврден точниот датум на Конгресот.
На вчерашната седница, како што информираат од ЛДП, ЦО го прифатил предлогот на Извршниот одбор за започнување со подготовки за одржување на Конгресот.
Во таа насока, од таму посочуваат дека се формирал организационен одбор во состав: Боби Мојсоски, Димитар Ванчов, Билјана Аврамоска – Ѓореска, Дејанчо Цветановски, Валентин Груевски и Ивица Тодоровски.
Воедно, ЦО му изразил благодарност на се уште актуелниот партиски лидер Милевски за неговиот ангажман како министер за локална самоуправа и воедно го прифатил предлогот Ристо Пенов да биде избран и именуван за негов наследник на оваа позиција.
Што се однесува за лидерската позиција во ЛДП, веќе објавивме дека како најсериозен кандидат се споменува потпретседателката на либералдемократите и пратеничка Моника Зајкова.
В.С.