ЛДП се приклучува кон Европската коалиција

by fokus

Извршниот одбор на Либерално-Демократската партија (ЛДП) вечерва донесе одлука за приклучување кон Европската коалиција, што е составена од партии кои се залагаат за полноправна интеграција во Европската унија.

-Согласно стратешките определби на државата, одлучивме на следните избори партијата да биде дел од Европска коалиција. За Република Северна Македонија не постои друг пат освен брзо приклучување кон европското семејство. Од таа причина, како партија која постојано работи во интерес на граѓаните, истакнаа од ИО на ЛДП.

Од Извршниот одбор на партијата посочија дека јасно е дека политичките партии во трка за поен плус и од популизам не можат да постигнат консензус за спроведување на големи реформи во клучни области, оттука е неопходно да се почне процесот на преговори низ кои ќе се реформира државата. На седницата на ИО, за шеф на Централниот изборен штаб на ЛДП, е предложен генералниот секретар Боби Мојсоски.

Извршниот одбор на седницата формираше и група за програмски преговори во рамки на претстојната Коалиција, што е предводена од потпретседателот Валентин Груевски, претседателката на Форумот на жени – Билјана Аврамоска Ѓореска, претседателката на ЛиДеМ – Јелена Мишиќ и член на ИО – Горан Петрушев.

 

Поврзани новости