544
ЛДП ги осуди и отфрли иницијативите за донесување на Закон за амнестија на, според оваа опозициска партија, криминалната врхушка на ВМРО-ДПМНЕ, како начин за излез и разрешување на политичката криза.
– Македонија не смее да си го дозволи тој луксуз да амнестира криминалци. До колку ова сега се направи стравуваме дека ќе стане правило во Македонија на секое заминување на било која власт, да се бара иста или слична амнестија. Ова ќе биде крај на правната држава. Груевски и неговата банда ја втурнаа државата во бездна, народот го држат во заложништво девет години, нанесувајќи им зло со нивните нечовечки и криминални дејанија – изјави лидерот на либералдемократите Горан Милевски.