577
Централниот одобор на ЛДП одлучил партијата на претстојните избори да коалицира со старо-новиот партнер СДСМ, потврди претседателот на Либерално-демократска партија, Горан Милевски.
-Членовите оценија дека досегашното коалицирање со СДСМ е успешно, така што во следниот период треба да се заокружат реформите во целост за успешен европски интегративен процес. Партијата очекува дека либералните вредности и барања ќе се почитуваат од страна на нашите партнери – вели Милевски.
ЛДП дискутирала и ги утврдила кандидатите за пратеници кои, според Милевски, дополнително ќе се промовираат во јавноста.