Либерално-демократската партија ја поздравува постапката на Основното јавно обвинителство – Скопје за отворањето на предмет и правно гонење на специјалците од ЕБР, кои упаднаа во градската библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Скопје, после протестите пред Владата на 5-ти мај годинава.
-Либерално-демократската партија, како подносител на кривичната пријава, веќе достави до обвинителството видеозаписи од инцидентот, но смета дека е неодговорно и крајно манипулативно барањето на ОЈО, токму политичката партија да му достави податоци за сведоците и други докази за да отпочне постапката. ЛДП го потсетува обвинителството дека на видео-материјалите, кои партијата ги достави како доказ, се гледа кои лица даваат изјави, а МВР, како надлежен орган, сигурно има податоци кој се’ беше приведен таа ноќ од присутните во библиотеката, како и тоа кој припадник на ЕБР во критичниот момент беше на должност. Во исто време, ОЈО може да постапува и по допрен глас, а не да очекува од партијата да биде истражител, се вели во партиското соопштение.
Од партијата додаваат дека апелираат до Обвинителството поради сериозноста на инцидентот и последиците од него, постапката да ја спроведат до крај, да не ја префрла одговорноста на други или пак предметот да го зафрлат во некоја фиока.
-ЛДП го чека новиот специјален јавен обвинител за поднесување на други кривични пријави за злоупотребите на оваа власт, велат од партијата.