ЛДП нема да гласа за законот за амнестија

by Fokus

Пратениците на ЛДП, владиниот коалиционен партнер, нема да гласаат за предлог-законот за амнестија со кои треба да бидат опфатени околу 50-тина обвинети за упадот во Собранието на 27 април лани.

Ова беше кажано на седмото изборно собрание на Либералдемократите. Од таму велат дека е подобра варијантата прво да има пресуда за случајот, а дури потоа да се размислува за амнестија.

– Мислам дека законодавната и извршната власт треба да останат во свои рамки и да не влијаат на судството – рече претседателот Горан Милевски.

Драфт-верзијата на законот во моментов се разгледува во пратеничките групи, а истиот на собраниска седница наместо утре, откако се одложи, би се нашол на собраниска седница во вторник.

Поврзани новости