ЛДП: Наместо ветените 72 милиони евра, инвеститорот на ВМРО-ДПМНЕ во депонијата Дрисла за 5 години не вложи ниту едно евро

by Fokus

„По 11 години владеење, ВМРО ДПМНЕ конечно се сети на проблемот со управување со отпадот. Покрај ова, не треба да се заборави дека ВМРО ДПМНЕ е на власт долги години и во најголем број на општини. Во Македонија постојат 54 депонии од кои, само една – депонијата Дрисла, покрај Скопје, исполнува мал дел од предвидените национални стандарди, реагираат преку соопштение од Либерално демократската партија.

– Во 2005-та година, кога министер за животна средина и просторно планирање беше членот на ЛДП, д-р Зоран Шапуриќ, во консултација со домашни и со европски експерти беа усвоени плански документи со кои се предвидува решавање на депонирање на отпадот преку изградба на регионални депонии и со поттикнување на општините да изградат регинални депонии со здружување на сите свои потенцијали – се наведува во партиското соопштение.

Од ЛДП потенцираат дека единствено што направи ВМРО ДПМНЕ за овој период е предавање на депонијата Дрисла на управување на странската компанија, која се обврза да вложи 72 милиони евра во модернизација на депонијата преку изградба на низа постројки за современа преработка на отпад и набавака на нова механизација.

– Наместо ветените инвестиции од 72 милиони евра, по пет изминати години оваа странската команија не изгради ниту една од ветените постројки за предтретман и преработка на отпад и не набави никаква механизација, депонирајќи го отпадот на ист начин како и пред склучување на договорот, со посветеност на остварување на профит. Медицинскиот отпад и понатаму се согорува во инсталација со прастара технологија која не е во согласност со ниту еден утврден стандард, согласно националната регулативата и регулативата на ЕУ – продолжува понатаму во соопштението од ЛДП.

 

Поврзани новости