Либерално-демократската партија се приклучува на протестот на Шарената револуција, закажан за денеска во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство, соопштија од партијата.
-Како конструктивна партија, која почива на принципите на демократијата, сметаме дека повикот и оправданоста за еден ваков масовен протест е фактичката состојба во државата, неоправдана и неправедна, во која власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја втурна Република Македонија. Веруваме дека огромно мозинство од нашите граѓани ќе ја најдат причината, неопходноста, зошто мора да се побунат против оваа власт и да го изразат својот протест. Веруваме дека секој еден, после десет години тортура од врхушката на власт, е свесен од каде доаѓа бесот и револтот за овој протест. Затоа вечерва посакуваме сите граѓани да ги видиме на едно место, со силна енергија и јасна порака -доста ни е од оваа криминогена и забегана власт. Во Македонија мора да се врати демократијата и владеењето на правото и конечно, државата да се врати на вистинскиот пат, оној кој води кон ЕУ и НАТО, се вели во партиското соопштение.