ЛДП ќе делува независно, Зајкова останува на чело на партијата

by Fokus

Централниот одбор на Либерално-демократската партија на синоќешната седница донесе одлука за целосна поддршка на претседателката Моника Зајкова и раководството да ја води и застапува партијата во идните делувања и во јавноста.

„Како одговорна партија, ЛДП внимателно го разгледа Извештајот за подготовките, настапот и резултатите на партијата за претседателските и за парламентарните избири 2024 година доставен од страна на Централниот изборен штаб. Централниот одбор го усвои извештајот, а биле детектирани и укажано на слабостите кои се појавиле во текот на кампањата, извести ЛДП.

Зајкова синоќа кажа дека во парламентот ќе дејствуваат независно како и досега, но дека ќе дадат поддршка на се што значи напредок на државата на реформскиот и евроинтегративниот пат и ќе носи добробит на граѓаните.

Поврзани новости