ЛДП: Груевски од Македонија направи бунар без дно

by Фокус

Македонија се наоѓа во катастрофална економската состојба во која не втурна Никола Груевски и неговата влада во заминување, обвинуваат од ЛДП.

„Бруто надворешниот долг, заклучно со вториот квартал на 2015 година, изнесува 7 милијарди и 100 милиони евра, што е речиси 71 отсто од БДП на државата. Овие факти, за жал, не можат да се побијат ниту со една од владините пропаганди за розовата слика за македонската економија. Напротив, вистината е дека најголемиот должник е самата држава, затоа што Груевски од Македонија направи бунар без дно“, соопштија либералдемократите.

Тие ја повикаа владата да престане да се задолжува и неодговорно да ги доведува во должничко заложништво идните генерациии на оваа земјата.

Поврзани новости