Ние сме партија која е најблиску до индивидуата, партија од граѓаните за граѓаните, која што од своето создавање до денес ги застапува и штити правата на граѓаните и овозможува слободно изразување на индивидуата во македонското општество, соопшти ЛДП, која викендов во Скопје одржува таканаречено стратешко планирање на партијата.
„Стратешкиот план на ЛДП е документ кој ќе служи за поставување на основите на работење на партијата и поставување на нејзини цели во претстојниот период. Стратешкото планирање е модерен и демократски начин на проектирање на посакуваната иднина и темелно осмислување на секој чекор кој не води кон утврдената цел, а со овој стратешки план ги воспоставуваме своите цели, политики, но и се поставува Стратегија за интерна комуникација“, велат од партијата.
Според ЛДП, клучно и најважно е дека треба да вложува во натамошниот раст и развој на партијата, следејќи ја својата идеологија и стратешки цели, со цел обезбедување на подобро позиционирање на политичката сцена и транспарентно креирањето политики.
„Од особена важност за државата, но и за партијата како македонска партија со голема меѓународна либерална поддршка е и членството во Европската Унија кое ќе обезбеди подобар општествен и политички живот во Република Северна Македонија“, истакнуваат од ЛДП.