401
ЛДП ги охрабрува средношколците, студентите, професорите, хонорарците и сите слободноумни граѓани да продолжат во битката за исполнување на своите права, соопштија од партијата.
„Континуираните протести покажуваат дека народот не ги прифаќа политиките на оваа забегана власт, којашто носи закони по мерка на „фамилијата“. Тоа врхушката на ВМРО-ДПМНЕ го покажа со грабежот на државниот имот, со посакуваните плацеви на Водно, но и со класичната злоупотреба на законот за контрола на комуникациите. На оваа власт не им е важно мислењето и гласот на сопствениот народ, па се однесуваат како окупациска власт“, сметаат либералдемократите.