ЛДП се уште гради став за новиот француски предлог

by fokus

Лидерот на Либералнодемократската партија којашто е дел од владината коалиција, Горан Милевски попладнево за „Фокус“ потврди дека и тој бил вчера на средбата во Влада со премиерот, Димитар Ковачевски.

Иако по првиот француски предлог тој кажа дека ќе ја напуштат владината коалиција доколку владата го прифати овој предло, за изменетиот француски предлог, ЛДП се уште го гради својот официјален став.

-Да, имавме средба со Ковачевски. Сите му кажавме дека додека не го објават на македонски јази и не ни ја дадат билатералната рамка, не можеме да дадеме свое мислење, изјави Милевски за „Фокус“.

Претходно лидерите на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов и Маја Морачанин од ДОМ кажаа дека се сретнале со премиерот, но според нивните изјави, тие не му дале безрезевна поддршка на премиерот.

Тие побараа документот да се преведе на македонски јазик и билатералните прашања да не бидат дел од преговарачката рамка. Ковачевски им ветил дека документите ќе бидат преведени и дека за предлогот ќе се разговара во Собрание.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости