Лажно се претставувал како полицаец и ги легитимирал гостите и вработените во кафуле

by fokus

Дваесет и седугодишен пехчевец бил уапсен во кафуле во центарот на Скопје бидејќи лажно се претставувал како полицаец и ги легитимирал гостите и вработените во објектот.

-На 06.04.2023 во 01.30 часот од угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го привеле П.Ѓ.(27) од Пехчево, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, a претходно агресивно се однесувал кон присутните во објектот, лажно се претставувал и барал од гостите и вработените да се легитимираат, информираат од МВР.

Поврзани новости