Лажно го пријавил директорот во банката кај што работел дека психички го малтретира

by Fokus

Триесет и двегодишен кратовчанец пријавил директор на банка во Куманово дека го прераспоредил на друго работно место и дека му вршел психичка тортура, информираа од МВР. Полицијата му поднела кривична пријава за лажно пријавување.

Според информациите во полицискиот билтен, Н.Д. вработен во банка во Куманово, до СВР Куманово поднел кривична пријава против банката, односно против директорот на филијала Куманово и непознати лица вработени на раководни позиции во банката. Тој, исто така, поднел и барање до Министерство за труд и социјална политика – државен инспекторат за труд за вршење на инспекциски надзор кај работодавачот-банката, истакнувајќи дека противправно бил распореден да работи како шалтерски работник во експозитура на банката со што му биле ускратени сите права од прекувремена работа, не му биле исплатени прекувремени часови, а воедно му била вршена тортура и психичко малтретирање. Од извршените проверки било утврдено дека Н.Д. на последно работно место бил распореден по негово барање, а што се однесува до тортурата и психичкото малтретирање  воопшто немал поднесено барање за заштита од вознемирување на работно место.

Од страна на Државен инспекторат  за труд, со Записник од извршен инспекциски надзор, биле констатирани спротивни наводи од оние во неговата пријава .

Поврзани новости