„Лажните дојави за терористички акти покажаа колку сме подготвени“

by Fokus

Преземеме сериозни активности во насока на борба против тероризмот или спречување на какви било активности коишто би можеле да предизвикаат загрозување на безбедносната состојба. Во овој момент нема никакви индикации за какво било нарушување на безбедносната состојба во државата, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Ова е сериозен предизвик и предизвик којшто не е сега и нема да заврши, туку предизвик којшто стои пред нас и токму заради тоа сите надлежни органи и МВР и Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање преземеме сериозни активности во насока на борба против тероризмот или спречување на какви било активности коишто би можеле да предизвикаат загрозување на безбедносната состојба. Сега во овој момент нема никакви индикации за какво било нарушување на безбедносната состојба во државата. На највисоко ниво постапуваат сите единици во составот на МВР и сите агенции. Впрочем, неодамна лажните пријавувања за терористички акти покажаа на колкаво ниво е подготвеноста на македонската полиција и на агенциите во однос на справувањето со ваков предизвик, рече Спасовски на новинарско прашање по пуштањето во употреба на реновираниот објект Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ со донација од САД.

Поврзани новости