331
Лажни се сите дојави за поставени бомби 19 училишта во Скопје што биле доставени попладне на нивните електронски адреси.
-Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.
Како што посочуваат од МВР, веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави