Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје, завршија проверките

by Fokus

Министерството за внатрешни работи информира дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 20 училишта во Скопје по добиените пораки на електронските адреси со закана за поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, соопштија од МВР.

Поврзани новости