До сега во три училишта се завршени проверките и утврдено е дека е лажна пријавата за поставена бомба, а проверките во останатите училишта се во тек, соопштија од Министерството за внатрешни работи за МИА, информирајќи за случајот за денешните пријави за бомби во девет скопски училишта.
Претходно денеска, околу 14:00 часот во СВР Скопје беше пријавено дека на меил адреси на девет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба.
Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници преземаа мерки за безбедно евакуирање на училиштата.
Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера, исто така, по меил осум скопски среди училишта добија закани за подметнати бомби. По направените проверки утврдено беше дека станува збор за лажни пријави.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски претходно денеска изјави дека истрагата за вчерашните дојави за поставени бомби во осумте скопски средни училишта е тек.