348
Лажни се сите дојави за поставени бомби во 23 основни училиштата во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 23 основни училишта во Скопје по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информираат од МВР.
Од Министерството соопштуваат дека веднаш по добиените пријави, од полициски службеници биле преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа биле извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки.