Лажни пријави за бомби во Уставен и на Аеродромот

by fokus

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиена порака на електронска адреса со закана за поставена експлозивна направа во Уставен суд и Аеродромот во Скопје и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

– Од страна на полициските службеници веднаш се преземени соодветни мерки и извршени се детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, соопштија од МВР.

Поврзани новости