2
Лажни линкови за донација се појавуваат на социјалните мрежи преку кои се бара помош за лекување или за семејствата на починатите, јави телевизија Стар.
Од СВР Штип предупредуваат на внимателност и детална проверка од страна на граѓаните бидејќи во овој момент таква активност нема, пренесува телевизијата.
Бројот на загинати во пожарот во дискотека во Кочани се искачи на 59, соопшти попладнево министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Како што рече тој, 35 лица се идентификувани и од нив 31 лице се од Кочани, а четворица се од Штип.
Бројот на повредени, според последните информации што ги соопшти Тошковски, се искачи на 155 лица и тие се хоспитализирани во повеќе болници низ државата.