6
Фондот за здравствено осигурување на Македонија има сознанија дека се појавиле лажни пораки кои им се праќаат на граѓани по електронски пат, на е-маил, а како да се од ФЗОМ.
Во лажните пораки им се укажува на граѓаните дека наводно системот со управување на трансакции на Фондот препознава дека треба да добијат исплата за рефундација на средства по што треба да кликнат на одреден линк, велат од ФЗОМ.
– Фондот им укажува на граѓаните да не наседнуваат на ваквите лажни пораки за да не бидат злоупотребени нивните лични податоци и трансакциски сметки, а доколку се во можност да пријават во Службата за компјутерски криминал во МВР. Фондот веќе го пријави случајот во МВР – се наведува во нивното соопштение.