Во текот на вчерашниот ден во Тиквешијата завладеа паника, откако на социјалните мрежи, но и на блог страници посветени на градот беше објавено дека жена вработена во една во банките во Кавадарци, која е во постојан контакт со клиенти, како и нејзиниот сопруг, превозник кој патувал во Италија, се заразени од коронавирусот.
Веста предизвика голема вознемиреност кај граѓаните, а со цел да се запре паниката, од Центарот за јавно здравје излегоа со информации не темата.
Др. Ристе Јовановски, епидемиолог во Центарот за јавно здравје Кавадарци за регионалната КТВ потврди дека станува збор за лажни вести и веднаш треба да се престане со хистеријата.
Според него, нема ниту еден сомнителен случај на коронавирус во Тиквешијата засега. Тој порача да не се создава паника помеѓу граѓаните, и истакна дека посебно не е во ред да се спомнуваат имиња на наводни пациенти.
В.К.