369
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со пријавата која попладнево беше добиена од едно скопско училиште дека била добиена порака на електронска адреса со закана за наводно поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажна пријава.
„Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажна пријава“, велат од МВР.