Припадници на српското Министерство за внатрешни работи, по спроведена контрадиверзантска проверка, утврдиле дека е лажно тврдењето за поставена бомба во авионот што утринава од Белград требало да полета за Франкфурт, пренесе Танјуг.
Како што за агенцијата е соопштено од МВР, полицијата интензивно работи на идентификување на лицето кое утринава, околу шест часот, телефонски го повика аеродромот „Никола Тесла” и испрати лажна дојава за бомба.
Откако утринава непознатото лице се јавило на аеродромот „Никола Тесла“ и кажало дека во авионот за Франфурт е поставена бомба, германската компанија „Луфтханза“ веднаш ги евакуира 130-те патници и петте членови на екипажот.
Во авионот веднаш биле упатени сите расположливи полициски сили и припадници на контрадиверзантска екипа.